Посмртните останки на шпанскиот диктатор Франциско Франко денеска се ексхумирани од мавзолејот во кој беше погребан и пренесени на градските гробишта, по 44 години откако починал. Тој сега ќе почива до неговата жена.
Ваквиот чин уследи по ветувањата на социјалистичките власти, според кои не треба да се глорифицира диктаторот кој владееле со земјата скоро четири децении. Семејство на Франко неуспешно се обидуваше да го спречи ексхумирањето. На пренесувањето на останките присуствуваше министерот за правда, експерти за форензика, свештеник и 22 потомци на Франко. На медиумите не им беше дозволен пристап. Изведбата на целата операција чини околу 63 илјади евра.