Жртвите најдени во камионот во Британија биле Кинези

Мртвите пронајдени во камионот во близина на Лондон, биле Кинези, соопшти денеска британската полиција.

Вчера во контејнер од камион беа пронајдени 39 тела. Полицијата соопшти дека осум од жртвите биле жени, а останатите мажи. За жртвата која се сметаше дека е тинејџерка, се утврдило дека е помлада жена.

Уапсен е возачот на камионот кој е од Северна Ирска. Тој е сослушан под сомнение за обид за убиство, но не е обвинет. Полицијата во Северна Ирска извршила претрес во три имоти обидувајќи се да го реконструираат патот на камионот и последното патување на жртвите.