Путин и Макрон телефонски разговарале за Сирија и за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон телефонски разговарале за ситуацијата во североисточниот дел на Сирија, како и за Украина, соопшти Кремљ. За време на разговорот бил изразен став, како што се наведува во соопштението, дека треба да се почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.