Собранието го усвои Законот за Инспекторат за употреба на јазиците

Собрание на Република Северна Македонија

Собранието на денешната седница го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците. Опозициските пратеници побараа да се одложи расправата се до добивањето на финалната верзија на извештајот на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, кој според нив, е поврзан со ова законско решение. Тие предупредија дека не треба набрзина да се носат закони кои имаат сериозни последици.

Владејачките партии сметаат дека Законот за Инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците. Со него, како што наведуваат, се гарантира рамноправност, еднаквост и непристрасност при примена на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.