Пендаровски од лидерската со апел - избори по влезот во НАТО

Стево Пендаровски во Претседателската вила на Водно во Скопје

На првата пауза од лидерската средба вечерва вечерва во Скопје претседателот Стево Пендаровски изјави дека две теми се ставени на дневен ред пред политичките лидери, недобивањето на датум за преговори со Европската Унија и можноста за одржување на предвремени избори. Тој истакна дека независно од заклучоците на Европската Унија, сите присутни на средбата застанале зад ставот дека нема алтернатива за евро-атланските интеграции.

„Лидерите на политичките партии рекоа и дена немаат проблем со евентуална нова методологија во европскиот пристапен процес или со некаков реверзибилни постапки, сите присутни рекоа НЕ, за какви било алтернативи на европскиот интегративен пат“ изјави Пендаровски.

Во однос на втората тема за која после паузата ќе зборуваат политичките лидери, односно за предвремени парламентарни избори, Пендароски изјави дека не е негова надлежност да каже дали и кога треба да има предвремени избори но смета дека најдобро би било тоа да се случи по пристапувањето во НАТО затоа што е потребен функционален парламент кој ќе тревба да го ратификува пристапувањето откако тоа ќе го сторат сите 29 земји членки на НАТО.

Претседателот Пендравски ја свика средбата на лидерите на политичките партии по недобивањето датум за преговори за членство во Европската Унија на самитот на Унијата неделава во Брисел.