Ердоган се заканува интензивирање на офанзивата ако не се почитува примирјето во Сирија

Турската офанзива во североисточна Сирија

Турција ќе ја продолжи офанзивата во североисточниот дел на Сирија уште поинтензивно од претходно ако договорот со САД за петдневно примирје не биде реализиран во целост, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Тој додаде дека за Турција не претставува проблем влезот на сириските сили со поддршка на Русија во подрачјата исчистени од курдските Сили за заштита на народот, истакнувајќи оти Анкара не планира да остане на подрачјата под нивна контрола во северниот дел на Сирија.

Претходно, турскиот претседател демантираше дека денеска има судири во Сирија и покрај примирјето.