Османи - Продолжуваме со изградбата на европска Република Северна Македонија

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи

Ние сме дел од Европа и денешната неправда не смее да нѐ оддалечи од нашите напори да продолжиме со имплементацијата на реформите, изградбата на добрососедските односи и негувањето на соживотот и мултикултурното општество, односно едноставно, да продолжиме во изградбата на европска Република Северна Македонија, објави денеска на Фејсбук вицепремиерот задолжен за европски прашање Бујар Османи.

„Јас немам дилеми дека европскиот кредибилитет не само во земјава, туку и во целиот регион од денеска е нарушен“, пишува тој.