Пучдемон им се предал на белгиските власти

Карлес Пучдемон

Поранешниот лидер на Каталонците, Карлес Пучдемон, кој беше во бегство, се предаде на белгиските правосудни органи, откако Шпанија издаде нов налог за негово апсење.

Од Кабинетот на Пучдемон денеска соопштија дека тој во придружба на неговите адвокати, доброволно се појавил пред белгиските власти. Од таму велат дека Пучдемон ја отфрла потерницата и се спротивставува на секој обид да го вратат назад во Шпанија.

Засега не е јасно дали се уште го сослушуваат или е задржан во полиција.

Пучдемон и голем број негови соработници избегаа во Белгија во октомври 2017 година. Шпанија го обвинува за бунт и злоупотреба на јавни средства за организирање на неодобрениот референдум за независност на Каталонија во октомври 2017 година.