Курдските сириски демократски сили соопштија денеска дека се подготвени да се приклучат кон прекинот на огнот, кој го најавија Вашингтон и Анкара, по девет дневните битки долж северната граница на Сирија.Ваквото соопштение пристигна од штабот на курдската партија откако Турција и САД се согласија денеска да се воспостави петдневен прекин на огнот за да им се овозможи на курдските воени трупи да се повлечат од областите во близина на границата.