Мицкоски најави протести од утре

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Гевгелија најави дека од денеска опозицијата излегува на улиците и плоштадите. Во своето обраќањекако дел од кампањата „Обнова“ Мицкоски изјави дека како партија му дале шанса на процесот на пристапување во ЕУ и дека „17 октомври е денот кога завршува концесијата“, ден кога завршува трпението на ВМРО-ДПМНЕ и дека денес ги повикува сите да се придружат за, како што рече, да изгрее вистинското сонце на слободата во Македонија.

„Од денеска за опозицијата 24 часа на ден домот ќе биде плоштадот, улицата, вратата на нашите соседи и нашите сограѓани ширум целата Македонија. Сите сме ние денес иста генерација и делиме иста судбина. Од денеска започнува последната пресметка, од денеска ја најавувам големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, изјави Мицкоски.

Според него иако ова се тешки моменти во кои сите го очекуваат датумот за отпочнување на преговори, сепак нема да дозволи, како што вели, државата да ја водат политички лажговци.