Хјуман рајтс воч - Казахстан да преземе итни чекори против семејното насилство

Организацијата Хјуман рајтс воч ја повикува владата на Казахстан да преземе итни чекори за надминување на правните празнини кои ги оставаат жените жртви на семејно насилство ранливи и без поддршка.

Организацијата за човекови права во извештајот објавен денеска соопштува дека жените во оваа земја не се доволно заштитени и имаат малку пристапи кон правда.

Казахстан во 2009 година се обиде да го реши прашањето, носејќи закон кој предвидувакраткорочна заштита, како запирање на контакти меѓу жртвата и насилникот до 30 дена, како и пристап до засолништа и други услуги за жртвата. Но критичарите велат дека тоа е не е доволно, оти законот не предвидува криминализација на семејното насилство.

Хјуман рајтс воч соопштува дека од нивните истражувања на жртвите на семејно насилство воКазахстан, произлегло дека казахстанските власти ниту соодветно го спречуваат насилство, ниту пак насилниците одговараат, а службениците не прават доволно да им ги објаснат услугите кои им следуваат на жените жртви, напротив ги убедуваат да ги отфрлат жалбите и да се помират со насилниците.