Еврокомесарот Аврамопулос предупредува - Балканот да се ребалканизира

„Да бидеме многу внимателни со Балканот. Да не дозволиме Балканот да се ребалканизира на начин како во минатото“, предупреди еврокомесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамополос.

Советот на ЕУ на вчерашниот состанок во Луксембург не успеа да постигне договор околу следните чекори во процесот на проширување на ЕУ. Се очекува одлуката за тоа дали и на кој начин Скопје и Тирана ќе почнат пристапни преговори за членство да се донесе на состанокот во Брисел, кој се одржува утре и задутре.