Советник на Помпео ќе сведочи во истрагата за импичмент на Трамп

Мајкл МекКинли, поранешниот висок советник на американскиот државен секретар Мајк Помпео

Мајкл МекКинли, кој е поранешниот висок советник на американскиот државен секретар Мајк Помпео, денеска треба да сведочи пред Претставничкиот дом во истрагата за импичмент на претседателот на САД,МекКинли е долгогодишен службеник во Стејт департментот. Тој ќе биде сослушуван во врска со телефонскиот разговор меѓу Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски, за време на кој Трамп бара украинските власти да спроведат истрага за корупција против Џо Бајден и неговиот син. Се очекува пратениците да го прашуваат МекКинли за деталите за тоа како Помпео ја отповикал поранешната амбасадорка во Украина Мари Јованович претходно годинава.

Вчера сведочеше долгогодишниот дипломат Џорџ Кент. Тој изразил загриженост за напорите на адвокатот на Трамп да се испитуваат Бајден и неговиот син

Додека трае сослушувањето на сведоци, потпретседателот Мајк Пенс и адвокатот на Трам, Руди Џулијани рекоа дека нема да соработуваат со истрагата за импичментот. Пенс, преку неговиот адвокат, соопшти дека нема да го обезбеди долгиот список на документи кои се бараат од него.