Косово побара одложување на гласањето за прием во Интерпол

Архивска фотографија- изборен постер на косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај

Кабинетот на косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај соопшти денеска дека тој побарал одложување на гласањето во Генералното собрание на Интерпол за прием на Косово во светската полициска организација, јави дописникот на МИА од Приштина. Со писмо до Генералното собрание, кое ја одржува годишната сесија во главниот град на Чиле, Сантјаго, Харадинај бара, поради „новонастанатите околности“, односно изборите кои се одржаа во земјата предминатата недела, оваа година да не се гласа за барањето на Косово за зачленување во Интерпол. Косово имаше неуспешни обиди за зачленување во организацијата на минатите две генерални собранија одржани во Пекинг предминатата и во Дубаи минатата година.