Рама: Макрон не е подготвен за преговори со Западен Балкан

Архивска фотографија- Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама денеска преку видео порака на социјалните мрежи зборува за одлуката на земјите од Европската унија, да отворат или не преговори со Албанија.

Рама вели дека Германија, која ги предводи земјите кои се за „да“, избрала поинаков пат од повеќето земји-членки. Тој предвидува „не“ од страна на францускот претседател Макрон за Албанија.

„Емануел Макрон не е подготвен да ги придвижи преговорите за Западен Балкан понатаму, без претходно да изврши притисок за реформите во Унијата. Овој пристап на Франција е концептуално некомпатибилен со консензуалниот пристап што води кон оние кои се за „да“, но тоа не е против Албанија и Северна Македонија или Западен Балкан во целина“, вели Рама.