Пресметки меѓу полицијата и демонстрантите во Барселона
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Илајдници каталонски сепаратисти се обиделе и да го блокираат аеродромот во Барселона по пресудата на деветмина нивни лидери на казни затвор од девет до 13 години поради нивната улога во обидот за одвојување на Каталонија од Шпанија во 2017 година. Според наводите на новинските агенции, стотина активисти се судриле со полицијата во обидот да влезат во аеродромот. Притоа триесетина луѓе биле повредени.