ВМРО-ДПМНЕ- Мицкоски се откажа од удел во компанија, тоа да го стори и власта

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМ

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат сите вршители на јавни функции да ја отуѓат сопственоста во компаниите, оти, како што наведуваат, со тоа што се вршители на функции и истовремено
сопственици, или влијателни акционери на компании, се остава можност за корупција и влијание на економските текови во државата.

Од Партијата наведуваат 12 компании кои, според нив, се во сопственост на семејството на премиерот Зоран Заев и преку кои, како што велат се „испумпуваат државни пари“ .

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го отуѓи уделот и повеќе не е сопственик на компанија.

„Очекуваме Зоран Заев и неговите од октоподот да го сторат истото“, вели тој.