Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигнал во Саудиска Арабија. Неговата посета доаѓа во време на растечки тензии во Персискиот залив. Според официјален Кремљ, неговата посета е во насока на постигнување за договори за нафта.
Се очекува неговата посета да резултира со привлекување на инвестиции. Москва не успеа да ја исполни целта за раст на БДП-то од 3 проценти, во услови на засилување на западните санкции.
Пред посетата, Путин во интервју за арапските медиуми рече дека ги продолжува своите добри односи со саудискиот крал и принц.
Политички аналитичари велат дека Путин може да го искористи своето влијание за да ја смири растечката тензија меѓу Техеран и Ријад, по нападот со проектили на саудиски нафтени објекти за што беше обвинет Иран.
Путин утре ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати.