Најмалку 33 мртви и над 20 исчезнати е засега билансот кој го евидентирале јапонските спасувачи по тајфунот кој ја зафати земјата. Владината агенција за управување со кризи вели дека во болниците се примени околу 200 повредени а над 1200 домови се целосно поплавени додека делумно се оштетени над 500 домови.Тајфунот ги погоди северниот и централниот дел наЈапонија во сабота вечер со поројни дождови и силен ветер.