Заев најави намалување на цената на зелениот картон

Премиерот Зоран Заев во Собрание на седница за пратенички прашања

Премиерот Зоран Заев најави преговори со осигурителните компании за намалување на цената на зелениот картон за возилата при патување во странство. Тој на трибината во Куманово истакна дека како Влада планираат да ги поедностават патарините, регистрацијата на возилата со цел да им заштедат трошоци на граѓаните.