Критиката за потегот на Трамп во Сирија не стивнува

Архивска фотографија

Поранешниот министер за одбрана на САД Џим Матис кој си поднесе оставка поради несогласувања со претседателот Доналд Трамп, предупредува дека екстремистичките групи може да „ воскреснат “ по одлуката на Трамп да ја повлече војскатаод североисточниот дел на Сирија

„ Мора да го задржиме притисокот врз Исламската Држава да не закрепнат. Можете да ги повлечете своите трупи како што тоа го научи на потешкиот начин претседателот Барак Обама во Ирка, но ние во војската за тоа вели – тогаш непријателот добива глас. И во вој случај ако не го задржиме притисокот, тогаш ИСИС може да воскресне. Апсолутно ќе се вратат назад на позициите“ рече Матис во интервју за NBS News.

Трамп сер соочи со сериозна меѓународна и внатрешно-политичка критика за одлуката за повлекување на американските воени сили кои соработуваа со сириските Курди во североисточниот дел на Сирија. Критичарите го обвинија Трамп за предавство на курдските борци кои сега се под офанзива на турската воена сила. Анкара ги смета Курдите за терористи и се закани дека ќе ги истера од регионот. И републиканците и демократите предупредија дека потегот на Трамп ќе го донесе повторно на сцена ИСИС во тој регион.