Арапската Лига и Франција со ново предупредување до Турција

Франција и Арапската лига ја повикаа Турција да ја повлече воената офанзива во Сирија. Францускиот претседател Емануел Макрон предупредува дека турската офанзива може да предизика оживување на Исламската држава. Шефот на Арапската Лига Ахмед Абоул Геит ја повика Турција да си ја повлече војската од воената зона во Сирија. Тој изјави дека воената операција во северниот дел на Сирија ќе резултира со нов бран на раселување и ги загрозува досегашните достигнувања направени во битката против Исламската држава.

Ваквите забелешки доаѓаат денеска откако Турција четврт ден ја води офанзивната битка во Сирија против сириските Курди. Турската новинска агенција јавува дека сириските опозициски сили поддржани од Турција достигнале до стратешкиот автопат кој е на 30 километри од турската граница.