Дипломати на ЕУ: Франција планира да ги блокира преговорите со С.Македонија и Албанија

Архива - Францускиот претседател Емануел Макрон.

Франција планира да го блокира стартот на преговорите за членство во Европската унија со Северна Македонија и Албанија, рекоа денеска дипломати на ЕУ во услови кога министрите за надворешно рабори на блокот следната недела треба да одлучат за ова прашање, објави германската новинска агенција ДПА.

ДПА пишува дека ваквата одлуката ќе им нанесе огромен удар на двете балкански земји, откако Европската комисија претходно оваа година објави дека тие ја завршиле потребната работа за да го продолжат пристапот во ЕУ, но дека Париз тврди дека реформските напори на двете држави не се доволни и бара фундаментален ремонт на процесот на пристапување како предуслов за почнување на преговори, според дипломатските извори.

Според нив, меѓу другото, Франција наводно смета дека процесот е многу технички и оти тешко може да сопре ако се влошат околностите.

Француското вето ќе ја стави земјата во судир со Германија и другите земји членки кои веруваат дека земјите треба да ги почнат преговорите со ЕУ, пишува ДПА.