НАТО ја повика Турција на воздржаност во Сирија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата очекува Турција да покаже воздржаност во своите операции во северна Сирија за да се избегне човечко страдање. Тој порача и дека мора да се потсетат оти е потребно заедно да продолжат во нивната заедничка цел, а тоа е борбата против заедничкиот непријател, односно милитантната група Исламска држава.

Глобалната коалиција, според Столтенберг, остварила огромен напредок во борбата против милитантната група и била ослободена територија со големина на Британија. Мора да се осигураат, како што наведе тој, дека ќе ги зачуваат тие придобивки.