Британија и Ирска согласни договор за Брегзит е можен

Британскиот премиер Борис Џонсон

Договорот за Брегзит останува можен, соопштија денеска Британија и Ирска по разговорите меѓу премиерите на двете земји Борис Џонсон и Лео Варадкар.

„Џонсон и Вардакар имаа детална и конструктивна дискусија. Двајцата веруваат дека договорот е во интерес на сите. Тие се согласија дека можат да видат патоказ до можен договор“, се наведува во заедничката изјава.

Џонсон и Вардакар се сретнаа во северна Англија за последен обид за оживување на британскиот предлог за Брегзит, кој според ЕУ не е во линија со барањата за уредно заминување на земјата од европскиот блок.