Судот денеска одлучи да го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничените во истрагата за измама поврзана со Меѓународен сојуз, Фросина Ременски и Миле Јовановски, да се јавуваат повремено во судот и да им се одземат пасошите.
„Судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените Ф.Т.Р. и М.Ј. им определи мерки забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, додека за Х.Б. мерка за претпазливост – привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница“, соопшти Основен кривичен суд Скопје.
Против овие решенија, како што велат од Судот, странките имаат право на жалба пред кривичниот
совет.