Со измените и дополнувањата на Законот за одбрана, одлуката за учество во операции на НАТО ќе ја носи Владата, а секоја година ќе поднесува целосен извештај за учество во сите операции до Собранието, информираше денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Таа нацеде дека измената на овој законе е еден од последните чекори пред полноправното членство во НАТО.
„Сите останати мисии од типот на ОН, учество во мисии на ЕУ... остануваат и понатаму да се одлучуваат по сегашната постапка. Тие се предлог на Влада, а понатаму стануваат точка на дневен ред и на Собранието“, информираше Шекеринска.