Падна романската влада

Пратениците изгласаа недоверба за премиерката Виорика Данчила

Романските пратеници ѝ изгласаа недоверба на социјалдемократската влада на премиерката Виорика Данчила, пренесе Ројтерс.

„Ја запревме социјал-демократката партија во уништувањето на државата“, изјави Лудовик Орбан, пратеник од Либералната партија.

На заедничката седница на двата дома на парламентот во Букурешт вкупно 238 пратеници и сенатори се изјаснија дека ја сакаат оставката на владиниот кабинет, а седницата беше пренесувана во живо од главните римански телевизии. За изгласување недоверба на владата беа потребни минимум 233 гласа. На овој начин опозициските партии ќе треба да формираат нов кабинет, на чело со премиер, кој ќе биде назначен од претседателот Клаус Јоханис.