Адвокат на американскиот амбасадор во Европската унија, Гордон Сондленд, рече дека од Стејт департментот дипломатот добил наредба да не се појавува на закажаното испрашување пред пратениците во Претставничкиот дом, како дел од истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.
Адвокатот Роберт Лушкин денеска изјави дека Сондленд ќе ги следи наредбата на Стејт департментот. Тој вели дека не било наведено никаква причина зошто дипломатот да не даде исказ. Сондленд претходно се согласи да се појави пред пратениците.
Адвокатот вели дека Сондленд е длабоко разочаран што нема да може да сведочи и дека верува оти во секоја ситуација постапил во најдобар интерес за САД.
Овој потег предизвикува тензии меѓу Белата куќа и демократите во Конгресот, кои спроведуваат истрага што може да доведе до смена на претседателот, нешто што се случило само двапати во историјата на САД.
Сонделнд стана истакната личност во истрагата поради своите залагања Украина да се обврзе дека ќе спроведе истрага за потенцијалниот ривал на Трамп на изборите, поранешниот потпретседател Џо Бајден и неговиот син. Во пријавата на американскиот службеник со која се покрена истрагата за импичмент се наведува дека еден ден откако Трамп телефонски разговарал со претседателорт на Укрина, Володимир Зеленски, Сонделенд и американскиот амбасадор во Украина се состанале со украинскиот лидер и со други политичари. Тие наводно му упатиле совети на украинското раководство како да се раководат по барањата што ги упатил Трамп кон Зеленски.