Нобеловата награда за медицина за двајца американски и еден британски научник

Вилијам Келин, Питер Ратклиф и Грег Семенца

Нобеловата награда за физиологија и медицина ја добија двајца американски и еден британски научник за нивните откритија за тоа „како клетките се чувствуваат и се прилагодуваат на достапноста на кислород“.

Институтот Каролинска во Стокхолм денеска соопшти дека истражувањата на Вилијам Келин, Питер Ретклиф и Грег Семенца „го откриле механизмот за еден од најсуштинските прилагодливи процеси на животот“.

„Тие ја поставија основата за нашето разбирање за тоа како нивото на кислород влијае врз клеточниот метаболизам и физиолошката функција. Нивните откритија исто така го отворија патот за ветување на нови стратегии за борба против анемија, рак и многу други болести “, се вели во соопштението.

Тројцата научници подеднакво ќе ја поделат наградата од 918.000 американски долари. Тоа е 110-та награда во категоријата којасе доделува од 1901 година.

Нобеловата награда за физика и хемија ќе биде доделена утре, за литература на 10 октомври, а наградата за мир ќе биде објавена на 11 октомври.