Поддршка од Австрија за почнување преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев и Александер Шаленберг, австриски министер за Европа, интеграција и надворешни работи

Австрија упати порака со поддршка за проширувањето на ЕУ и за европските интеграции на нашата држава, соопшти владината прес-служба, по денешната средба на премиерот Зоран Заев со Александер Шаленберг, австриски сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи.

Според соопштението од Владата, на средбата било посочено дека има силен консензус во встрија за позитивна одлука за Република Северна Македонија на октомврискиот Совет на ЕУ и дека таков јасен ќе биде и ставот на Австрија на Советот во октомври.

Позитивната одлука од Европскиот совет за отворање преговори на ЕУ со Република Северна Македонија, за институциите и за граѓаните ќе значи продолжување на силната мотивација низ европските вредности да придонесуваме во развојот на нашата држава и регионот, рекол Заев на средбата со шефот на австриската дипломатија.