Хан: Северна Македонија и Албанија испорачаа на ред е ЕУ

Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска ја поздрави поддршката од лидерите на ЕУ за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

„Северна и Македонија испорачаа- сега крајно време e земјите-членки исто така да испорачаат! Благодарност до лидерите на ЕУ за нивниот цврст став за почеток на преговори со двете земји во октомври“, напиша Хан на Твитер.

Во писмо испратено на 3 октомври до земјите членки на ЕУ, сегашниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск, на Европската комисија Жан-Клод Јункер, новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејн и претседателот на Европскиот парламент Давид Сасол наведуваат дека веруваат оти дошло време за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.