На предвремените парламентарни избори во Косово своето право на глас до 15 часот го искористиле 561.874 лица, односно 29,23 отсто од регистираните гласачи.
Според комисијата, на претходните избори, во 2017 на четири часа од затворањето на избирачките места имало речиси 65 илјади гласови помалку. Изборниот процес досега, како што наведоа од комисијата, тече без поголеми проблеми.