Шефицата на набљудвачката мисија на ЕУ на парламентарните избори во Косово, Виола вон Крамон-Таубадел денеска оцени дека гласањето досега се одвива непречено.
„Имаше неколку помали инциденти, но генерално сите процедури, според нашиот мониторинг, течат добро и без проблеми. Мислам дека имаше неколку гласачи кои не се наоѓаа на своите гласачки места, или нешто слично, меѓутоа, според она што го мониториравме, околу 98 отсто од процесот се одвива добро и без проблеми“, изјави Крамон-Таубадел.