Руската амбасада во САД испрати протестна нота до Стејт Департментот за сослушувањето од страна на ФБИ на руската пратеничка Инга Јумашева на аеродром во Њујорк. Таа биле еден час сослушана при пристигнувањето на аердромот, соопшти руската амбасада на Фејсбук. Амбасадата не информира на кој аеродром слетала Јумашева.
„Таа била повикана да оди во одделна соба и припадник на ФБИ, кој се претставил почнал да ја испрашува еден час. На неа и било понудено и да се се сретне со припадникот на ФБИ на друго, неформално место за да продолжат со разговорот“, соопшти амбасадата, цитирајќи го амбасадорот Анатоли Антонов.