Косовската полиција соопшти дека привела четири лица во Северна Митровица, поради непочитување на законите во текот на гласањето на предвремените парламентарни избори во земјата.
Во едно гласачко место, како што наведоа од полицијата, се приведени претседавачот на комисијата и лицето задолжено за идентификување на гласачите. Тие се осомничени дека извршиле кривично дело „Злоупотреба на службената должност во текот на избори“.
Според полицијата, приведените дозволиле гласање спротивно на правилата што ги донела Централната изборна комисија на Косово. Додека две лица се приведени поради обид да гласаат со фалсификувани косовски лични карти.