Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН во Ирак, Жанин Хенис Плашерт го осуди насилството поврзано со протестите во Ирак, повикувајќи дека тоа мора да запре.
„Пет дена на извештаи на смрт и повреди. Ова мора да запре. Ги повикувам сите страни да направат пауза и да размислуваат. Оние кои се одговорни за насилството треба да бидат казнети. Духот на единство нека преовлада низ Ирак“, напиша таа на Твитер.
Од почетокот на протестите на 1 октомври против невработеноста, лошите јавни услуги и корупцијата, загинаа 99 лица, а 4000 се повредени.