Времето облачно со повремен дожд и постудено

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови. Врнежите кон крајот на денот ќе престануваат на истокот. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Дневните температури ќе се движат од 10 до 19 степени.