Мичел: Русија и Кина сакаат нестабилен Балкан за да доминираат

Поранешниот помошник државен секретар на САД, Вес Мичел, на Самитот на „Економист“ во Скопје

Поранешниот помошник државен секретар на САД, Вес Мичел, од Самитот на „Економист“ во Скопје, предупреди дека главната цел на Русија и на Кина на Балканот е „слаб и дестабилизиран Балкан“.

"Русија континуирано го зголемува своето влијание во источниот свет и се труди да го дестабилизира регионот за да може да доминира во земјите од Западен Балкан. Од друга страна Кина ги злоупотребува пазарните закони и да се наметне како светска сила. Сето ова го прави преку Балканот, бидејќи овој регион е физичката врска помеѓу Кина и Европа. Но овие времиња завршија. Западниот Балкан се приклучува во економскиот развој на целиот свет. Мојот став е дека ова денес е нoв Балкан, Балкан на 21 век. Ова е важен момент за интеграција на целиот регион“, реле Мичел.