Се урна словачки Миг 29, пилотот преживеа

Словачки Миг 29

Миг 29 од советско производство на Словачките воздухопловни сили се урна за време на тренажен лет, а пилотот успеа да се катапултира од леталото, соопшти Министерството за одбрана на Словачка. Несреќата се случила доцна синоќа, а пилотот, кој е во болница, е во стабилна состојба и не е во животна опасност. Несреќата се случила во местото Нитра, на 100 километри источно од Братислава.

Словачката војска ја приземји својата флота Мигови 20 додека не се истражи причината за несреќата.

Словачка минатата година потпиша договор за купување на 14 воени авиони Ф-16 од американската компанија Локид Мартин, како дел од напорите за обнова на воздухопловната флота авиони кои датираат уште од советско време. Првите авиони треба да бидат испорачани до 2022 година.