Орбан- единствен грев на Трочањи е штитењето на Унгарија од миграцијата

Архивска фотографија- Премиерот на Унгарија Виктор Орбан

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека сега има уште неколку „решенија во ракавот“ откако унгарскиот кандидат за европски комесар за проширување на Ласло Трочањи беше отфрлен од Европскиот парламент поради судир на интереси.

Орбан вели дека е уверен дека Трочањи е нај подобниот кандидат за член на Европската комисија, а дека неговиот единствен грев бил што и помагал на владата и на нему за штитење на Унгарија од миграцијата.

Покрај за Трочањи парламентот гласаше и против романската кандидатка за еврокомесарка Рована Плумб.