Жената работела како чистачка во Австрија повеќе од 20 години, држејќи две работни места во исто време подолг период пред болеста да ја принуди да замине во пензија на 55 години. „Не можам да одам на училиште. Се чувствувам болна, имам дијабетес, ми се скрши долниот дел на грбот, земам 12 таблети секој ден со инсулин заедно; понекогаш треба да седам еден час, понекогаш треба да спијам, не можам да се концентрирам“.
Одговорност на политичарите
„Миграре“, невладина организација која промовира интеграција, им помага на пензионерката и на десетина други лица да поднесат жалби, со образложение дека промените во бенефициите, што стапија во сила минатата година за граѓаните од земјите кои не членки на ЕУ, се дискриминаторски.
„Миграре“ проценува дека се погодени неколку илјади луѓе кои добиваат додаток за домување, но оти малкумина сакаат да се жалат во судовите, поради трошоците. Судовите веќе пресудија вокорист на еден Турчин, кој не може да учи германски јазик заради неговото нередовно работно време.
Магдалена Данер од Миграре вели: „Тоа е дискриминација ... Се надевам дека политичарите ќе имаат совест и ќе преземат одговорност да ги поправат овие закони“.
Десничарски пробен терен
Анкетите пред предвремените национални избори на 29 септември укажуваат на тоа дека најверојатен исход е обновување на коалицијата меѓу централно-десничарската Народна партија на поранешниот канцелар Себастијан Курц и екстремно десничарската Партија на слободата која пропадна во мај годинава порадикорупциски скандал.
Горна Австрија е управувана од коалицијата во која е Партијата на слободата и се смета како тест за десничарските политики што може да се применат на национално ниво.
На претходните избори во 2017 година, оваа коалиција застанаа на анти-имиграциски платформи, а нивната коалиција веќе одобри неколку иницијативи во оваа насока.
Законот на национално ниво што треба да се примени следната година ќе го направи германскиот јазик задолжителен за минимални бенефиции.
Другите мерки опфаќаат кратење на средства за германски часови за мигранти, забрана за баратели на азил на стручна обука сè додека не се здобијат со статус на бегалец и зголемување на протерување на одбиени баратели на азил.