Ердоган: Нуклеарното оружје да се забрани или да биде достапно за сите

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, говорејќи на 74-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, оцени дека е неправедно нуклеарното оружје да се користи како лост за притисок. Тој повика овој вид оружје да биде забрането или достапно за сите земји.

„Оние кои имаат нуклеарно оружје го користат како средство за притисок и им се закануваат на оние што го немаат. Треба или да го забраниме или да го дозволиме за секого“, рече Ердоган .