Трамп: заслужувам Нобелова награда, ама да не е се наместено

Претседателот на САД Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп смета дека заслужува да ја добие Нобеловата награда, но оти се било наместено. „Би можел да ја добијам Нобеловата награда за многу работи, ако тие би ја доделувале на чесен начин, но не е така“, изјави Трамп на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, додавајќи: „Тие му ја дадоа наградата на Барак Обама веднаш по доаѓањето на власт, а тој немаше поим зошто ја добил. Знаете, тоа е една од ретките работи за кои се согласувам со Обама“. Покрај Обама уште тројца американски претседатели ја добија Нобеловата награда за мир: Теодор Рузвелт, Вудро Вилсон и Џими Картер.