Во Охрид почна најавеното уривање на дивоградбите

Уривање дивоградба во Охрид според Акцискиот план и според препораките на УНЕСКО

Согласно акцискиот план, со уривање на објект на улицата „Марко Нестороски“ денеска Општина Охрид почна со најавуваното уривање на дивоизградените објекти низ градот и долж крајбрежјето. Според соопштението од Општина Охрид, се постапува согласново законските процедури и Акцискиот план за постапување по препораките од последниот состанок на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Со акцијата за уривање паралелно ќе бидат отстранувани дивоизградени објекти што се во тек на израдба и оние дивоградби опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти, што се изградени во периодот од 2006 до 2019 година. Според динамиката, прво ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки и акцијата за уривање ќе ги опфати сите физички или правни лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид.