Саудиска Арабија: Нафтениот напад е спонзориран од Иран

Саудиска Арабија покажа остатоци за кои вели дека докажуваат оти нападот бил спонзориран од Иран.

Портпаролот на Министерството за одбрана полковник Турки ал-Малки на денешна прес-конференција во Ријад, рече дека 18 ирански дронови биле користени со поддршка на седум крстаречки ракети.

„Нападот беше извршен од северот и несомнено спонзориран од Иран“, рече малки додавајќи дека точното место на лансирањето се уште се истражува.

Јеменските бунтовници Хути претходно соопштија дека стојат зад нападот на 14 септември над најголемата нафтената рефинерија на сурова нафта во светот.

Техеран негира вклученост во воздушниот напад и најави дека ќе возврати на секаков воен напад врз Иран.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска е во Саудиска Арабија „да ги координира напорите за спотивставување на иранската агресија во регионот“ со саудискиот принц Мухамад бин Салман, според Стејт департментот.