Јанева го нуди имотот за да излезе од притвор

Приведување на специјалната обвинителка Катица Јанева од нејзината куќа во скопската населба Козле. 21 август, 2019.

Адвокатката Ирена Фрчкоска, која ја застапува довчерашната специјална обвинителка Катица Јанева во интервју рече дека подготвуваат барање за укинување на мерката притвор за Јанева, а како гаранција ќе го понудат нејзиниот имот. Адвокатката во интервју за ТВ 21 вели дека со разрешувањето на Јанева се намалени основите поради кои е изречена мерката притвор, оти таа веќе нема статус на специјален обвините и не може да ја компромитира, да влијае и да ја злоупотребува својата функција. Јанева е во притвор од 21 август за вмешаност во случајот Рекет.

Откако во Собранието во сабота беше изгласано разрешувањето на Јанева и откако потоа Советот на јавни обвинители го потврди разрешувањето, поради, како што беше наведено, нестручно, незаконско и несовесно работење, денеска Советот донесе одлука Јанева да биде разрешена и од ОЈО Гевегелија.