ЕУ го повика Иран во потполност да соработува со ИАЕА

Илустрација.

Три европски земји потписнички на договорот за иранската нуклеарна програма, како и Европската унија, денеска го повикаа Иран во потполност да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).

„Го повикуваме Иран да соработува со ИАЕА во сите релевантни прашања, вклучително прашањата поврзани со договорот“, се вели во заедничкото соопштение на министерствата за надворешни работи на Франција, Германија и Велика Британија, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

ИАЕА во рамки на договорот е задолжена на независен начин да проведува дали Иран го почитува договорот за нуклеарната програма.