Овој месец средба Зеленски - Трамп

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека очекува во текот на овој месец да се сретне со неговиот американски колега, Доналд Трамп, како и мировни преговори за решавање на конфликтот со Русија во источен Донбас, пренесе новинската агенција „Ројтерс“.

„Средбата со Трамп веројатно ќе се случи наскоро“, рече Зеленски.

На прашањето за потенцијалното распоредување на мировни сили во Донбас, тој рече дека не сака областа да стане како отцепениот молдавски регион Трансднестар во кој постојано се сместени руски трупи.

Повеќе од 13.000 луѓе се убиени досега во конфликтот меѓу украинските и проруските сепаратистички сили.