Подметната бомба во Турција, 7 мртви и 13 повредени

Илустрација

Седуммина загинаа, а 13 се ранети откако експлодира рачно изработена бомба поставена на пат во Југоисточна Турција. Експлозивната направа била активирана кога поминувале возила со локални жители, објавија новинските агенции.

Како што пренесуваат турските медиуми, нападот бил извршен синоќа во општината Кулп, во југоисточната турска област Дијарбекир. Првично беше соопштено за четворица убиени и 13 ранети. Според локалните медиуми, се претпоставува дека експлозивот го поставиле борците на Курдистанската работничка партија (ПКК).